Новите фотографии кои се појавија од OnePlus 5 веќе потврдија дека новиот смартфон ќе има две камери на задниот дел. Иако точните спецификации на камерите сеуште не се познати, дознавме уште неколку информации за нив.
Новата информација за уредот се појави на твитер профилот на OnePlus, каде со фотографија беше потврдено постоењето на bokeh ефектот. За тие што не знаат, bokeh ефектот овозможува замаглување на позадините и на тој начин се добиваат попрофесионални фотографии. Кај iPhone 7 Plus ефектот е познат како Portrait Mode.
Други уреди каде што можете да најдете камери со вакви карактеристики се телефони од високата класа, како Huawei P10, но и уреди со поприфатливи цени, како ZTE Blade V8 Pro.
Иако компанијата се уште официјално ја нема потврдено оваа карактеристика, најверојатно можеме да ја очекуваме кај OnePlus 5.
Поврзани артикли