Европскиот суд (ECJ), кој е највисок суд во рамките на Европската унија донесе вчера пресуда која би можела да значи пресврт во борбата против дистрибуцијата на пиратските содржини во ЕУ. Имено, во процесот кој го покрена холандската организација за заштита на авторските права BREIN против тамошните даватели на интернет услуги Ziggo и XS4ALL, овој Суд доби арбитража според која и овозможувањето на пристапот на корисниците до пиратските содржини исто така спаѓа во кршење на авторските права.
Во пресудата и нејзиното појаснување експлицитно се наведува примерот на веб-страницата The Pirate Bay, која служи како платформа за илегална дистрибуција на содржини. Според мислењето на Судот, во тоа давателите на интернет услугите учествуваат така што на своите корисници им овозможуваат непречен пристап до Pirate Bay, а дури и го олеснуваат со индексирање на спорните страници и отстранувањето на „лошите“ торент фајлови.
Судот заклучува дека голем број корисници кои на Интернетот му пристапуваат преку наведените оператори навистина го посетуваат Pirate Bay со цел за преземање ма пиратски содржини, при што и операторите остваруваат заработка. Поради тоа, Европскиот суд смета дека операторите можат да бидат виновни за интернет пиратеријата, и им препорачува на сите судови во рамките на ЕУ во слични спорови да се водат според нивното толкување на законите и оваа пресуда.
Овој преседан би можел да не доведе во ситуација во која судовите во земјите членки на ЕУ ќе почнат да им наредуваат на давателите на интернет услуги, на барање на носителите на авторски права, да ги блокираат страниците како Pirate Bay ако не сакаат да бидат учесници во кршењето на законите