Apple во текот на минатонеделната WWDC конференција го претстави новиот iMac наменет за професионалните корисници, во форма на iMac Pro. Идејата на компанијата е ова да биде многу можен iMac десктоп, кој нуди процесорска и графичка сила која на професионалците ќе им биде достапна во All-in-One формат.
Како што е очекувано, iMac Pro не е евтин, а основниот модел чини дури 5000 долари. Основниот модел сам по себе е прилично моќен, меѓутоа се поставува прашањето колку пари се потребни да се издвојат за моделот кој ги донесува најсилните можни спецификации. Според наводите од ZDNet, овој потфат би можел да го чини корисникот 17.000 долари.
Треба да се напомене дека Apple се уште не открил кој процесор ќе го користи во iMac Pro, а ZDNet своите калкулации ги базираше на моделот со Intel Xeon E5-2697 процесорот. Базирано на овие калкулации, вкупната цената на iMac pro моделот, со најсилните карактеристики изнесува 17.300 долари.
iMac Pro е планиран да излезе на пазарот во декември оваа година, кога ќе дознаеме колку биле прецизни овие калкулации.
ИЗВОР: Ubergizmo