Извршниот директор на Apple смета дека овој проект е темел за сите останати развои поврзани со вештачката интелигенција
Во своето најново интервју за Bloomberg, Извршниот директор на Apple, Тим Кук зборуваше за тоа како Apple развива автономна технологија која ќе може да управува со самовозечките автомобилите. Исто така додаде дека овој проект е темел за сите останати развои поврзани со вештачката интелигенција, и дека исто така се работи за најкомплициран од сите.
„Се насочивме само на автономните состави. Тоа е темелна технологија која ја сметаме многу важна. Веројатно е еден од најтешките проекти од вештачката интелигенција на кои се работи“, истакна Кук.
Втора интересна перспектива на оваа тема е дека директорите на Apple ги преферираат европските луксузни марки (како Aston Martin, Bentley, Land Rover, BMW или Porsche) за нивниот личен превоз. Тоа би можело да стане фактор при донесување на одлуката за self-driving технологијата, и секако, еколошката освестеност ќе биде еден од тие фактори. Кук нагласи дека е потполно поинаков вид на искуство да се поседува електричен автомобил и дека компанијата би сакала да прави возила слични на Tesla кога би можела.
„Чудесно е искуството кога нема да запрете на бензинска пумоа. Ќе видиме каде тоа ќе не одведе. Ни всушност не говориме од аспектите на производите што ќе направиме“, посочи Тим Кук во интервјуто за Bloomberg.
ИЗВОР: Bloomberg
ВИДЕО: https://www.bloomberg.com/news/videos/2017-06-13/cook-says-apple-focusing-on-autonomous-car-systems-video