Фановите на Apple со нетрпение очекуваат да видат што подготвила компанијата и како ќе ја прослави својата десетгодишнина. Знаеме дека Apple ќе претстави нови iPhone модели, вклучувајќи го и iPhone 8, кој би требало да има куќиште од засилено стакло, AMOLED панел и многу тенка рамка околу екранот.
Кога се во прашање мрежните перформанси, Apple ќе ги користи модемите на Intel и Qualcomm. Знаеме дека Intel не е во состојба да обезбеди гигабит модеми, а Apple сака да осигура новиот iPhone да ги задржи униформните перформанси без оглед на тоа кој модем го користи, така што iPhone 8 нема да користи гигабит брзини на пренос на податоци.
Ова не е преголем проблем, со оглед на тоа што голем број оператори и не нудат вакви брзини, иако треба да се напомене дека гигабит брзините ќе бидат достапни во Америка подоцна оваа година.
ИЗВОР: NextPowerUp
Поврзани артикли