Се очекуваше дека Asus во текот на Computex ќе претстави три нови телефони од ZenFon серијата, но наместо тоа компанијата прикажа нови ZenPad таблети и некои други уреди. Според наводите, Asus мораше да ја одложи објавата на ZenFone 4 серијата поради редизајн и подобрување на ефикасноста на телефонот. Изгледа дека Asus e речиси подготвен да ги објави новите смартфони на настан во јули.
Се очекува компанијата да претстави три нови телефони – ZenFone 4 Max, ZenFone 4 i ZenFone 4S.
ZenFone 4 Max би требало да биде најевтин, а ќе го има Qualcomm Snapdragon 630 или 660 процесорот, како и 5.5-инчен Full HD дисплеј и 4000mAh батерија. ZenFone 4 спецификациите се уште не се појавија, а се очекува да биде модел од средната класа. ZenFone 4S ќе биде најмоќен модел во понудата и ќе го покрива премиум сегментот од пазарот.
Поврзани артикли