Следниот предводник на Samsung, фаблетот Galaxy Note 8 е предмет на доста гласини, благодарение на кои веќе знаеме за веројатниот 6.3-инчен Infinity Display, двојна задна камера и оперативниот систем Android 7.1.1 Nougat.
Galaxy Note 8 се очекува да биде претставен во август, а денеска се појави интересна спецификација за уредот. Иако се зборуваше дека Note 8 ќе работи на Snapdragon 835, според новите гласини ќе биде првиот телефон што ќе доаѓа со новиот чипсет Snapdragon 836. Се зборува дека ќе има максимална брзина до 2.5GHz и GPU со 740MHz.
Snapdragon 836 поседува 8-јадрен процесор на 2.5GHz, што е малку повисок од 2,45 GHz на Snapdragon 835. Се претпоставува дека освен Galaxy Note 8, следните модели со овој чипсет ќе бидат моделите LG V30 и Google Pixel 2.
Следниот процесор што се очекува да го најави Qualcomm е Snapdragon 845, кој наводно прво ќе се најде во LG G7. LG G6 работи на Snapdragon 821, иако беше претставен кратко пред Galaxy S8 и S8 Plus.
Поврзани артикли