Creative овие денови даде краток увид во она што не очекува наскоро. Се работи за ултимативната звучна картичка на компанијата, Creative Sound BlasterX AE-5, чие претставување се очекува на 13. јуни.
Кога се чистите бројки во прашање, Creative и натаму е најуспешна компанија на пазарот, со преку 400 милиони испорачани звучни картички. Со оглед на тоа дека поголемиот дел корисници се задоволува со интегрираните решенија за звук на своите матични плочи, Creative се фокусира на тоа стално да додава нови гејминг периферии.
Creative Sound BlasterX AE-5 ќе биде објавен со пораката: „Seek The Light”, а ќе ги поврзе сите компатибилни аудио и RGB елементи заедно во куќиштето, на начин кој досега се уште не е виден.
Клучни функции на AE-5 звучна картичка: 32-bit, 384kHz, 122dB DAC, 600 ohm amp, Scout Mode/Scout Raider, 5.1 Surround Sound, Crystal Voice, контрола за Aurora Reactive Palette од 15,1 милиони бои, очекуваната цена од околу 160 евра.