Благодарејќи на GFXBench познати се некои детали за новиот уред од Google Pixel серијата. Најзначајна информација за новиот Pixel XL е фактот дека стигнува со 5,6-инчен екран во се попопуларниот 18:9 формат.
Неговата резолуција изнесува 2560 х 1312 пиксели, што одговара на резолуцијата која го има екранот на новиот Essential Phone PH-1.
High-end карактеристиките на новиот Pixel продолжуваат со Snapdragon 835 процесорот кој работи на такт од 2,35 GHz, Adreno 540 grafika, 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија (која не е можно да се прошири со SD картички баш како и во претходната генерација Pixel уреди).
Што се однесува до фотографските компоненти на уредот, GFXBench споменува 12-мегапикселна камера, додека од предната страна 8-мегапикселна камера. Тука е уште и поддршката за Bluetooth 5.0, NFC i GPS, како и оперативниот систем Android 7.1.1 Nougat..
Официјалното претставување на паметниот телефон Pixel XL 2 се очекува во октомври.
Поврзани артикли