Samsung во текот на Е3 саемот најави три нови QLED монитори, кои делуваат како остварување на соништата за гејмерите. Сите три модели, вклучувајќи ги 27 и 32-инчниот CHG70, како и големиот 49-инчен CHG90 модел, нудат палета од 1,07 милијарда бои, одзив од 1ms и 1080R заобленост.
QLED технологијата на Samsung, кој досега се користеше само за ТВ уредите од голем формат, ги прикажува игрите токму онака како што ги замислиле програмерите. Тука е и 95 проценти покриеноста на DCI-P3 професионалниот распон на бои, 144 Hz освежување и технологијата на скенирање која го спречува заматувањето на екранот. Мониторите се меѓу првите со Radeon FreeSync 2 поддршка, а Samsung сугерира дека би требало да бидат идеални за FPS и акциски ориентираните наслови, како и за симулациите за летање.
Сите три монитори имаат исти спецификации, со таа разлика што 27 и 32-инчните модели се Quad HD (2560 x 1440), додека 49-инчниот модел има необичен широк UHD (3840 x 1080) дисплеј и има дополнителен mini-Display порт.
Кога се во прашање цените, новите монитори ќе чинат 599, 699 и 1499 долари за 27, 32 и 49-инчниот модел.
ИЗВОР: Engadget