Asus сака во својата понуда на монитори да има модели и за AMD и за Nvidia фановите. Компанијата сега својата Strix линија монитори ја освежи со три нови модели, кои ја имаат AMD FreeSync технологијата на освежување.
Првиот модел во понудата е Asus Strix XG32V. Во прашање е 31.5-инчен IPS модел со WQHD резолуција (2560 x 1440p). Мониторот е заоблен (1800R), а нуди освежување до 144Hz. Опциите за конектирање вклучуваат 2x DisplayPort 1.2, 1x HDMI 2.0 и USB 3.0 портови. Мониторот има и Aura Sync осветлување, што може да се синхронизира со другите PC компоненти и периферии со иста функција.
Вториот модел е Strix XG27V, кој има 1800R заобленост, но на помал панел и резолуција. Екранот е со големина од 27 инчи, со 1080p резолуција. Мониторот нуди освежување до 144 Hz и FreeSync поддршка. Од конекциските опции тука се и 1x DisplayPort, 1x HDMI и 1x DVI-D порт.
Strix XG258 е најмал модел во понудата: има 24.5-инчен екран со 1080p резолуција, но и озвежување до 240 Hz. Тука е и Aura Lighting поддршката. Од портовите се присутни 2x DisplayPort 1.2 и 2x HDMI влезови (1x HDMI 2.0).
ИЗВОР: TechPowerUp