Иднината на работењето: Заедници и простории за коработење
Денеска, 9 јуни, со почеток од 12:00 часот, „Сеавус Инкубатор“ заедно „Фанки коворкинг комјунити“ организираат заедничко работење (co-working) во просториите на инкубаторот во Скопје. Имено, станува збор нов стил на работење, односно делење на заедничкиот простор за работа каде непознати луѓе – професионалци, хонорарци и претприемачи иако работат независно едни од други, споделуваат идеи, искуства и решенија. Од неодамна, во Македонија постои „Фанки коворкинг комјунити“ (Funky Coworking Community), односно заедница на луѓе кои коработат.
Професионалците кои се дел од оваа заедница сметаат дека има големи предности од заедничкото работење. „Секој ден можеш да смениш локација, но и да имаш различни колеги, од различни индустрии. Едноставно, си наоѓаш луѓе со кои можеш да разговараш и отвараш нови дискусии, да соработуваш и да споделиш знаење, да се дружиш.“ – вели Никола Миноски, Андроид девелопер.
Виктор Дано вели дека ваквиот начин на работа нуди голема флексибилност, поголема слобода и зголемена продуктивност: „Зошто би се врзале за фиксно работно време и место, ако имаме отворена комуникација од било која канцеларија, во било кое време и било која локација?“
„Сеавус Инкубатор“ и „Фанки коворкинг комјунити“ праќаат отворена покана до сите заинтересирани да им се придружат овој петок, да работат заедно во инкубаторот, но и да поразговараат за овој нов тренд на работење.