Samsung Galaxy J3 (2017) моделот сега доби друштво во вид на 5.5-инчниот Galaxy J7 (2017) и 5.2-инчниот Galaxy J5. Сите телефони го користат Android 7.0 Nougat оперативниот систем, со прилагоден кориснички интерфејс од Samsung.
Galaxy J7 има водоотпорност (IP54), која останатите два модела ја немаат. Овој модел е исто така и единствен со 1080p екран (J5 има 5.2-инчен 720p), иако треба да се истакне дека комплетната фамилија уреди стигнува со Super AMOLED панели. Со J7 стигнува и најдобрата селфи камера (13 MP со доделен блиц). Тука е и модерниот USB-C порт (останатите два модела користат microUSB).
Покрај наведеното, новата J серија телефони ја красат бројни сличности. Телефоните се држат до Galaxy S7 типот на дизајн, а и J7 и J5 имаат home копчиња со вграден сензор за отисоци по екранот.
Главните камери се идентични за двата нови модела, 13MP на задната страна со 1080p видео снимање, а селфи камерата на J5 моделот има сензор од 5MP и нема блиц како кај J7.
Процесорите се слични и базирани на Exynos 7870 чипсетот (14nm, 8x A53 јадра, Mali-T830 MP2) и имаат по 16 GB простор за складирање. Моделот J7 им 3 GB RAM, додека J5 стигнува со 2 GB RAM. Капацитетите на батеријарта се 3600mAh за Ј7 и 3000mAh за Ј5 моделот.
ИЗВОР: Gsmarena