Предвидувањата на аналитичарот Минг-Чи Куо се остварија, Apple го претстави 10.5” iPad Pro со потенка рамка. Перформансите се подобри од било кога, а двата модела ќе имаат нови A10X процесори. iOS 11 исто така ќе има функции за iPad Pro.
Apple го претстави 10.5” iPad, кој ќе има поголем екран во исто куќиште во споредба со 9.7” iPad Pro. И двата модела ќе имаат целосна Smart тастатура, екран со брзина на освежување на сликата од 120 херци и камерата од iPhone 7.
Apple смести брутално добар хардвер во iPad Pro. Новите iPad модели ќе имаат A10X процесори со шест јадра и 12 јадрен GPU. Оваа комбинација значи дека перформансите на процесорот ќе бидат 30 проценти подобри, а графичката изведба е 40 отсто побрза. Интересен е фактот дека – во споредба со A4 чипот од првата генерација на iPad – новите iPad Pro уреди ќе бидат 500 пати побрзи, што значи дека нивните перформаси можат да се споредат со перформансите на 4-јадрените десктоп компјутери.
Иако квалитетот на камерата досега не беше важна тема во контекст на iPad, по демонстрацијата на проширената реалност стана клучно да се стави квалитетна камера во iPad Pro. Сега има 12 MP камера, оптичка стабилизација на сликата, 4К видеозаписи и 7 MP FaceTime камера сместена однапред. Еднаква е со задната камера на iPhone 7, а веројатно ќе биде важна за новите AR функции.
И покрај екстремниот пораст на изведбата на овој нов iPad Pro, Apple истакна дека батеријата ќе трае до десет часа, иако тоа многу ќе зависи од тоа колку го користиме таблетот. И двата таблета ќе имаат меморија од 64 GB, а ќе можете да ги купите дури и во верзија со 512 GB. Во потполност да не ги заобиколиме ни екраните, бидејќи Apple става голем акцент на нивните нови карактеристики. Благодарејќи на Promotion технологијата, двата модела ќе имаат време на одговор од 20 милисекунди. А со екран од 120 Hz, Apple навистина сака да докаже дека iPad Pro е совршена подлога за скицирање.
https://www.youtube.com/watch?v=UR5ODc5Wbbo
Со меѓусебно поврзување, iPad и iOS 11 добија сосема нов смисол. Во Apple сфатија дека мораат да закрпат некои дупки, ако сакаат iPad Pro во потполност да го замени лаптопот и да премине си сферата на лични компјутери. Ќе има Dock, како кај MacOS, па и тука ќе можете да извршувате повеќе задачи истовремено, а конечно ја добивме и Drag & Drop функцијата. И тастатурата е променета, па чукањето ќе стане побрзо, а кога ќе повлечете со прстот надолу, ќе се покажат и секундарните симболи.
Прашањето на апликацијата Files доби решение и сега конечно знаеме повеќе за онаа апликација за која пишувавме во вчерашниот текст: ќе добиеме систем за управување со фајлови само за iPad. На пример, кога ќе добиете фајл како прилог во мејл, ќе можете едноставно да ја одвлечете во мапата. Се ќе можете лесно да означувате, како и на Mac. Notes ќе добие вграден скенер за документи, и неколку напредни функции за уредување.
Во текот на демонстрацијата, можевме да научиме многу работи за iPad Pro, било да е во прашање функционирањето на графиката или пак документите што треба да ги потпишеме. Благодарение на хардверските надградби и карактеристиките на iOS 11 за iPad, iPad Pro може да ја промени сликата на пазарот за ultrabook компјутери и два-во-еден лаптопите.
10.5” и 12.9” инчниот модел доаѓаat 64GB, 256GB i 512GB простор за складирање.