Интеловото Coffee Lake семејство за четиријадрени и шестојадрени процесори, наводно е одложено за 2018. година. Информациите стигнуваат благодарение на протечените планови, кои компанијата им ги презентираше на своите партнери во текот на Computex. Intel ќе претстави три фамилии производи во текот на следните четири тримесечја.
Првото семејство го сочинува Core X серијата од горниот сегмент, која веќе беше претставена минатата недела и ги вклучува Skylake X и Kaby Lake X процесорите и X299 чипсетот. Ова ги вклучува четиријадрените Kaby Lake X i5 7640X и i7 7740X процесори, i9 и i7 Skylake X 7920X, 7900X, 7820X и 7800X CPU со осум и шест јадра, додека моделите со 14, 16 и 18 јадра ќе бидат одложени.
Втората фамилија производи ќе биде наменета за мејнстрим пазарот и ќе ја сочинуваат Интеловите Coffee Lake процесори со четири и шест јадра, како и Z370 чипсетот. Според наводите, оваа осма генерација на делови е одложена и ќе се појави после февруари наредната година.
Третата фамилија производи е базирана на Intel BGA Gemini Lake чипови, со 2-4 јадра и TDP од 10W. Овие процесори се наменети на уредите од мал формат и ниска потрошувачка, а ќе бидат имплементирани во матичните плочи. Gemini Lake ќе дебитира кон крајот на годината.
ИЗВОР: WCCFTech
Поврзани артикли