Нов iOS 11, подобрена Siri, надградени Mac модели, вклучувајќи го и iMac Pro кој стигнува во декември беа претставени на конференцијата во Сан Хозе. Посебен акцент беше ставен на виртуелната реалност, новиот 10,5-инчен iPad и паметниот звучник HomePod
Со малку необичен филм во кој светот го повикуваат на креирање нови апликации беше отворена годинашната WWDC конференција на Apple во Сан Хозе на која беа претставени шест нови работи. „Ова ќе биде најдобра и најголема конференција досега”, најави Извршиот директор на компанијата, Тим Кук, поздравувајќи ги 16-те милиони регистрирани програмери, од кои на Apple заедницата лани и пристапија 3 милиони.
На конференцијата, која собра 53.000 програмери, со најмногу присутни студенти, беа претставени и најмладиот програмер Јума Сорианто кој има само 10 години и Мосеко од Јапонија, која со 82 години, во 2017 ја создаде својата прва апликација.

„На Apple му оди фантастично”, изјави Тим Кук, најавувајќи дури шест важни вести.

1. Amazon и tvOS

Првата вест се однесуваше на tvOS, односно соработката со Amazon, кој доаѓа на оваа платформа.

2. Apple Watch

Што се однесува до Apple Watch, Кук наведе дека се работи за најпродаваниот паметен часовник со кои корисниците се најмногу задоволни.  Новиот WatchOS 4 паметно бира што ќе има на екранот. Апликациите за активности се поперсонализирани, со месечни предизвици. Паметниот часовник може да се поврзе дури и со уредите во вежбална и да собира податоци од справите. Што се однесува до музиката, автоматски се освежуваат листите прилагодени според вкусот.

3. iMac Pro + MacOS High Sierra

Никогаш не постоел компјутер како Mac, а во неговото срце е MacOS, најави Кук. Најновиот MacOS се вика High Sierra, кој се заснова на надградена технологија и брзина и го прави Safari најбрз браузер во светот. Safari сега ги блокира иритантните видео записи кои автоматски се покренуваат и интелигентно го спрелува следењето. Најголемата надградба се однесуваше на Photo апликацијата, каде што е овозможено подобро препознавање на лицето, синхронизација и многубројни опции на уредување. Претставен е и новиот Apple File System (APFS) кој значајно треба да придонесе за забрзување на работата со фајловите.

Новиот iMac Pro има седма генерација Intel прoоцесори, до 50 проценти побрз SSD диск со значајна надградба на графиката. Неговата сила ја демонстрираа со приказ на виртуелната реалност на Industrial Light and Magic, користејќи го најмоќниот модел на iMac. Овој модел е прогласен за најубав и најмоќен Mac некогаш направен – доаѓа со 18 јадрен Xeon процесор и Radeon Vega, а најевтината верзија ќе чини 5.000 долари, со испорака во декември.

Kaby Lake процесорите се наоѓаат и во новите MacBook лаптопи, со значајна надградба на графиката, а надградените модели ќе бидат достапни уште денеска.

4. iOS 11

Четвртото претставување ја загреа атмосферата, а се однесуваше на новиот опетративен систем за iPhone и iPad. iOS 11 донесува промени во пораките кои автоматски се синхронизираат со сите уреди, а исто така и ќе исчезнат ако посакате. ApplePay е интегриран во iMessages, каде што можат да се праќаат и примаат пари. Siri, пак, доби нов глас и дава повеќе резултати на увид. Нејзината нова способност е превод на кинески, француски, шпански и италијански. Претставен е и нов формат на подготовка на сликите со до два пати подобра компресија и можност за уредување на live фотографии. Најголемата модификација ја доживеа Control Center, кој пружа поголеми можности поради интеграцијата со 3d touch.

App Store доаѓа потполно редизајниран, со нова почетна страница Today, а тука се и играта и апликацијата на денот. Претставена е и поддршката за проширена реалност на iPhone и iPad и преку ноќ овие уреди ќе станат најголема платформа за проширена реалност.

5. iPad Pro 

https://www.youtube.com/watch?v=UR5ODc5Wbbo

Претставени се и два модела на iPad Pro, а акцентот е ставен на помалиот, чиј екран е за 20 проценти поголем од претходникот (10,5-инчи), има тежина од околу 450 грама и е речиси без рамки околу екранот. Брзината на освежување на дисплејот се подобри од стандардни 60 на 120 слики во секунда. Новиот iPad доаѓа со 30 проценти побрз процесор и до 40 отсто подобрена графика, во однос на претходните модели. Има иста камера како и iPhone 7 и двојно побрзо се полни.

Најголемата софтверска надградба за iPad досега донесе бројни новитети – познатиот Dock од MacOS сега стигна и на iPad. Мултитаскингот е најимпресивниот досега виден на таблет уредите, а сега е овозможена и долгоочекуваната функција drag and drop. На овој начин, новиот софтвер му овозможи на новиот iPad Pro според продуктивноста да се доближи до лаптоп или десктоп компјутерите.

6. HomePod

На конференцијата беше претставен и потполно нов производ од Apple – HomePod. Задачата му е во ново руво да ја воведе музиката во домовите, а доаѓа со A8 процесор, што пред неколку години го користеше iPhone 6. Звучникот поседува свест за просторот, така што звукот може да се прилагоди на местото каде што се наоѓа. Паметниот звучник има дури 6 микрофони со помош на кои можете да разговарате со Siri, со што му е дадена функција на куќен помошник кој може да одговори на бројни прашања. Цената изнесува 350 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=1hw9skL-IXc

https://www.youtube.com/watch?v=ZRq2i_3Yxwo