Kорисниците на албумите, покрај опциите за складирање и организирање на фотографии и видеа, ќе можат да додаваат и објави во албумите

Оние кои сакаат да го задржат сеќавањето на некој настан, патување или нешто друго битно од својот живот, можат лесно да креираат албум на Facebook и да ги ускладат сите фотографии што се во врска со одредена тема. Во албумите е можно додавање на описи, тагнување, како и додавање локации. Меѓутоа, Facebook сака на корисниците да им овозможи Albums да има уште повеќе функции.

Facebook направи некои измени, кои на корисниците на албумите, покрај опциите за складирање и организирање на фотографии и видеа, ќе им овозможи и додавање објави во албумите. Ова значи дека објавите кои се вршат во текот на патувањата ќе можат да се додаваат и во албуми, за да биде полесно да се потсетат што се случило одреден ден, каде се наоѓаат ресторани и слично.

 

Покрај ова, Facebook сега ќе им овозможи на корисниците следење на фото албумите на своите пријатели, за да можат да знаат кога во албумите ќе се појави некоја објава. Ажурираните албуми веќе би требало да им бидат достапни на веб и Android корисниците, додека за iOS корисниците пристигнуваат наскоро.

ИЗВОР: Ubergizmo