Американската вселенска агенција НАСА отпочнува мисија чијашто цел е да се „допре“ до Сонцето. Сондата од проектот „Солар сонда плус” ќе патува со брзина од 740.000 километри на час, соопштија од Агенцијата.
Роботизираното летало, како што соопштува НАСА, треба да биде лансирана летото наредната 2018 година. Мисијата е со цел да собере податоци за сончевата корона – надворешниот слој од атмосферата на Сонцето, односно да се дојде до сознанија зошто таа е неколку илјади пати потопла од самата површина на Сонцето, со температура од над 500.000 степени Целзиусови.
Тие научни сознанија ќе значат поголема способност во предвидување и објаснување на појавите во Вселената, кои влијаат и на Земјата, како и на вештачките сателити и астронаутските тимови во Земјината Орбита.
Поврзани артикли