AMD во текот на Computex го претстави својот нов ThreadRipper CPU, со понуда на полниот обем процесори до 16 јадра, со 64 PCIe 3.0 линијата за новиот X399 чипсет. Меѓутоа, компанијата одлучи дополнително да ги израдува своите фанови, па ја намали цената на Ryzen 7 процесорите, од кои некои модели сега чинат и до 27 проценти помалку.
Сите актуелни AMD Ryzen 7 1800X, Ryzen 7 1700X и Ryzen 7 1700 процесори певтинија, а овие цени се ефективни на Amazonu и Newegg. AMD Ryzen 7 1800X може да се најде по цена од 459 долари (првобитно чинеше 499 долари), Ryzen 7 1700X имаше цена од 399 долари, а сега се продава за 349 долари, додека цената на Ryzen 7 1700 моделот се намали од 329 на 299 долари.
Судејќи според се, AMD има доста самодоверба и голема доверба во Ryzen 7 серијата процесори, пред долго очекуваната објава на ThreadRipper процесори кои во наредниот период се очекуваат на пазарот.
ИЗВОР: TweakTown