Компанијата на коосновачот на Microsoft се подготвува да тестира авион што ќе служи за лансирање ракети во вселената
Пол Ален, коосновачот на Microsoft, 40. најбогат жител на нашата планета и сопственик на неколку NFL, NBA и фудбалски клубови во САД на својот Твитер профил ја објави првата фотографија (горе) од најголемиот авион на светот (според распонот на крилјата). Авионот прв пат излезе од хангарите за наскоро да тргне во пробни летови, а можете да го видите во ова видео.
Овој авион со два трупа и распон на крилјата од 117 метри е единствен авион на светот што во целост е изработен од композитен материјал. Го покренуваат шест Boeing 747 мотори, а може да носи повеќе од 250 тони товар со краен долет од 3218 километри. Авионот несе развива за превоз на товар или патници, туку ќе служи како лансирна рампа за комерцијални лансирања ракети во вселената, како што можете да видите во ова видео.
Авионот го произведува компанијата Scaled Composites која го произведе SpaceShip Two, со кој Ричард Бренсон и неговата компанија Virgin Galactic сакаат да ги водат туристите во вселената. Поради тоа е јасна сличноста со авионот носач на леталото на Бренсон, па може да се каже дека ова е предимензионирана верзија на White Knight Two за слична намена.
Првите тестирања во лет беа планирани уште за 2016 година, но Stratolaunch Systems ги одложи, па огромниот авион дури сега излезе од хангарите Mojave Air и Space Port во пустинската област во Калифорнија. Се надеваме дека наскоро ќе го видиме во воздух.
Поврзани артикли