Inspiron 27 7000 е „all-in-one” компјутер со 27-инчен 4K HDR екран со Dell InfinityEdge технологија на приказ
Саемот Computex во Тајван годинава го посети и Dell и премиерно претстави три нови компјутери. Два се од категоријата „аll-in-one”, а едно е вообичаено десктоп решение наменето за гејмерите. Сепак, вниманието на саемот најмногу го привлече 27-инчниот Inspiron 7000, опремен со најмоќниот AMD хардвер и со необична можност за надгардба на компонентите.
Inspiron 27 7000 е „all-in-one” компјутер со 27-инчен 4K HDR екран со Dell InfinityEdge технологија на приказ. Таа во пракса означува многу тенки рамки на екранот и впечатокот го расипува само долната плоча во која се кријат Windows Hello камерите и системот на звучници. Додека дизајнот е повеќе или помалку вообичаено карактеристичен за Dell, работите стануваат интересни во внатрешноста. И двата новопретставени „all-in-one” решенија (Inspiron 27 7000 i 24 5000) се подготвени за светот на виртуелната реалност.
Тоа значи дека во себе имаат доволно сила за стартување содржини во многу висока резолуција. За тоа овој пат беше задолжен AMD, кој го сочинува и процесорското и графичко срце на уредите. AMD Ryzen прв пат најде место во ваков тип на компјутер, а спарен е со AMD Polaris RX580 графиката. При конфигурирањето на овие компјутери постојат многу опции, па очекуваната почетна цена изнесува околу 1000 евра.