Со Ryonghung iPad се добива и физичка тастатура, а таблетот работи на неименуван оперативен систем
Северна Кореја се одлучи да му се придружи на модерниот технолошки свет со нов таблет кој дел од името го позајми од заштитената американска трговска марка. Новиот севернокорејски таблет на тамошниот пазар се појави под името Ryonghung iPad, а не воодушевува многу според перформансите, бидејќи во него се наоѓа само неименуван четиријадрен чип на такт од 1,2 GHz, 1 GB RAM, 8GB интерна меморија, a поседува и HDMI приклучок.
Со Ryonghung iPad се добива и физичка тастатура, а таблетот работи на неименуван оперативен систем (најверојатно се работи за некоја изведена верзија на оперативниот систем Android), има прединсталиран речник, медицинска енциклопедија и уште неколку апликации.