Најголемата измена што ја имплементира новиот интерфејс е навигациското мени во дното на апликацијата
Android платформата доби нова YouTube апликација, а по неколку месеци тестирање, новото софтверско ажурирање конечно донесува и унапреден кориснички интерфејс. Најголемата измена што ја имплементира новиот интерфејс е навигацискиот бар во дното, со јасно означени табови – Home, Trending, Subscriptions и Library.
Library секцијата исто така доби дополнителни измени, со оглед на тоа дека е одвоена од поранешната опција Account , која сега е лоцирана во врвот на апликацијата во профилната икона, заедно со Settings.
Исто така, треба да се напомене дека апликацијата сега помни каде моментно се наоѓа корисникот во секој таб, што ја прави навигацијата многу полесна.
Извор: NextPowerUp