Овој екран компанијата го нарече „следната генерација во технологијата“

Јужнокорејскиот гигант Samsung на својот канал на платформата Јутјуб објави снимка на која првпат е претставен екранот што се растегнува. Станува збор за прототип на растеглив 9,2-инчен OLED екран кој има можност за растегнување, односно поседува еластичност која му овозможува виткање во два правци до 12 милиметри пред да се врати во стандардниот облик.

Овој екран компанијата го нарекува „следната генерација во технологијата“, која ќе може да се користи во мобилните уреди, но исто така и во областа на вештачката интелигенција.