Дебелината на новиот модел ZenBook Flip S изнесува само 10,9 милиметри
Компанијата Asus го претстави својот нов модел на преносен компјутер ZenBook Flip S, што претставува најтенок лаптоп на светот. Неговата дебелина изнесува само 10,9 милиметри. Само за споредба, дебелината на еден од неговите конкуренти HP Spectre x360 изнесува 13,8 милиметри, додека кај MacBook Air оваа димензија е 17 милиметри.
Најновиот лаптоп на Asus го покренува седмата генерација на Интеловиот Core i7-7500 процесор. Flip S го користи оперативниот систем Windows 10 и има целосна поддршка за работа со пенкалце – Windows Ink.
Компјутерот има безбедносен сензор за отисоци на прстот, 4K екран со дијагонала од 13,3-инчи и два USB Type-C портови. ZenBook Flip S може да се отвора, односно преклопува до агол поголем од 270 степени. Тежок е 1,1 килограм и достапен во сина и златна боја. Ќе се продава по цена од 1099 долари.
Покрај овој, Asus претстави уште четири лаптоп модели: ZenBook 3 Deluxe, ZenBook Pro, VivoBook S i VivoBook Pro. Најдостапен е VivoBook S чија цена изнесува 499 долари.