Следната генерација чипови се очекува до крајот на годината, а и натаму ќе бидат базирани на 14 нанометарската архитектура
Претстојната осма генерација процесори на Intel би можела да биде поинтересна отколку што се мислеше. Иако компанијата напомена дека новата генерација ќе донесе подобрување од 15 проценти во однос на седмата генерација, Intel во текот на Computex откри дека новите процесори ќе нудат подобрувања за околу 30 проценти.
Секако, оваа изјава моментно е базирана само на резултатите на Sysmark benchmarк, но секако претставува охрабрувачка вест кога се во прашање подобрувањата на вкупните перформанси на следната серија процесори.
Осмата генерација чипови на Intel се очекува до крајот на годината, а и натаму ќе бидат базирани на 14 нанометарската архитектура, како и претходната генерација. Компанијата накратко ја прикажа Quanta машината, која ја покренува еден од новите чипови, но повеќе детали не се откриени,
ИЗВОР: Engadget