Моделот Vivo AiO V241 го одликува мулти тач NanoEdge диплеј, кој ја одбива светлоста, но тука се и многу тенките рамки околу екранот
Asus во текот на Computex 2017 го претстави својот најнов „all-in-one” десктоп компјутер, под името Vivo AiO V241. Компјутерот го одликува мулти тач NanoEdge диплеј, кој ја одбива светлоста, но тука се и многу тенките рамки околу екранот, за кои Asus истакнува дека се скоро невидливи.
Asus Vivo AiO V241 е 23.8-инчен Windows 10 all-in-one компјутер, дизајниран за секојдневна работа и куќна забава. Го покренува седмата генерација Intel Core i5 процесорот и графичката картичка Nvidia GeForce 930MX со 2GB видео меморија.
Објаснувајќи ги карактеристиките на компјутерот, Asus истакна: „Дисплејот е подобрен со ексклузивните ASUS Splendid и ASUS Tru2Life видео технологии, за да се испорача живописен приказа на сликата и врвни детали. Vivo AiO V241 има и моќен ASUS SonicMaster стерео аудио систем, со два напредни звучника за потполно имерзивен звук.
Кога е RAM меморијата во прашање, системот стигнува со 4GB, но може да се прошири до 8GB. За складирање податоци, AiO користи хард дискови од 500GB и 1 TB. Тука се и четири USB 3.1 портови, еден HDMI излез на задната страна, додека од страна се наоѓаат еден USB 2.0, еден Kensington Lock и аудио приклучок за микрофон и слушалки.