Изумот на интернет ѕвездата Колин Фурзе наречен “Play-O-Wave” претставува потполно функционална микробранова со вграден монитор
Технологијата многу напредуваше, но ни во најлуд сон не ни падна на ум дека еден ден видео игрите ќе можат да се играат на кујнски апарат, како што е микробрановата печка. Интернет ѕвездата и пронаоѓачот, Колин Фурзе направи доста луди изуми на својот YouTube канал.
Во најновото видео, од микробранова печка направи конзола за играње видео игри. Неговиот изум наречен “Play-O-Wave” претставува потполно функционална микробранова со вграден монитор. Екранот го вгради во вратичката, а исто така додаде и неколку влезови за контролерот. Колин ја прикажа конзолата во акција. Во рерната уфрли лук со путер од кикирики и го подеси тајмерот на две минути, а за тоа време ја одигра едноставната видео игра, наречена Bicycle.
Ова е доста интересен начин на подготвување на вечера и сон на секој гејмер. И работите да бидат уште подобри, на ваков модифициран апарат можете да приуклучите дури и PlayStation конзола. Овој функционален прототип е доказ дека екранот може да се вгради во било што.
Поврзани артикли