Откриено е дека малверот постои во 41 апликација во Google Play Store.
Десетина милиони Android уреди би можеле да бидат инфицирани со новооткриен малвер, под името Judy. Check Point истакнува дека околу 36,5 милиони уреди би можеле да имаат малициозен софтвер, кој е креиран нелигитимно да остварува заработка од реклами.
Откриено е дека малверот постои во 41 апликација во Google Play Store, а способен е да го заобиколи системот за детекција на малвери што ја имплементираше Google. Некои од инфицираните апликации постојат веќе се години, така што не е познато колку време Judy е во оптек.
“Малверот користи инфицирани уреди за да генерира големи количини кликови на рекламите, остварувајќи заработка за измамниците кои стојат зад малверот”, истакнува Check Point.
Откако дозна за споменатиот проблем, Google од Play Store ги отстрани апликациите што се заразени. Компанијата истакнадека изворот на малициозни апликации е фирма од Кореја, но повеќе детали засега не се познати.
Извор: NextPowerUp
Поврзани артикли