Спроведената студијата покажа дека нема докази дека YouTube влијае на продажбата.

Претходните месеци инсајдерите од музичката индустрија го критикуваа YouTube тврдејќи дека влијае на продажбата. Меѓутоа, едно ново истражување сугерира поинаку. Спроведената студијата покажа дека YouTube ги држи луѓето подалеку од пиратерија и дека нема докази дека влијае на продажбата.

Музичката индустрија е сведок на драматични промени во последната деценија и половина. Со пораст на дигиталното, навиките на потрошувачите се променија, а до уште поголеми промени дојде откако се воведени претплати за стримување.

Втор популарен начин луѓето да уживаат во музиката е YouTube. Платформата за бесплатно стримување нуди бесплатен пристап до милиони песни, кои се испратени од авторите. Сепак, YouTube добива и некои пофалби од одредени изведувачи. YouTube генерира висок профит со минимални трошоци и ги води луѓето кон легалните платформи, се наведува во студијата.

Во обид да ја промени перцепцијата за себе, YouТube побара RBB Economics да направи истражување за да се види какво влијание има на индустријата. Финалните резултати покажаа дека влијанието е повеќе од добро. Резултатите дури и покажаа дека доколку YouTube повеќе не прикажува музика, времето поминато на пиратските алтернативи ќе се зголеми за 29 проценти. Исто така, блокирањето на музиката на најпопуларниот светски видео сервис не би довело до зголемување на стримувањето на другите платформи како што е Spotify.

Извор: Torrentfreak