На фотографиите можете да видите и описи на одредени делови и каде се наоѓаат.
Она што ќе го видите во продолжение се таканаречени “tear-down” фотографии што ќе ви покажат како изгледа Samsung Galaxy S8/S8+ расклопен однапред и одзади. На фотографиите можете да видите и описи на одредени делови и каде се наоѓаат.
Приказната почнува од самиот екран со Corning Gorilla Glass 5 заштита, а видлив е и новиот Display Driver IC (DDI) што ги препознава различните алгоритми на компресија на сликата со незначителен губиток на квалитетот на сликата. Втор интересен приказ е оној што се однесува на PCB структурата за подобро извлекување на топлината при поинтензивна работа на смартфонот.
Сами погледнете ги сликите, ова е веројатно една од ретките прилики да го видите Samsung Galaxy S8/S8+ одвнатре, односно расчленување по делови. Информација повеќе можете да пронајдете на веб-страницата на Samsung.