Моделот на Huawei е наменет за оние со поплиток џеб кои немаат намера да издвојат повеќе од 800 евра за својот нов преносник
Huawei на неодамнешниот настан во Берлин претстави нови уреди меѓу кои се најдоа и два преносни компјутера – MateBook D и MateBook X за кој веќе пишувавме.
MateBook D е создаден за корисниците со поплиток џеб кои немаат намера да издвојат повеќе од 1000 евра за својот нов лаптоп, а за сите останати тука е премиум моделот MateBook X (од 1.399 евра до 1.699 евра). Бидејќи почетната цена на MateBook D ќе изнесува 799 евра, Huawei мораше некаде да заштеди со вградување на малку послаби компоненти. MateBook D има 15,6-инчен IPS FHD екран, за разлика од MateBook X што е опремен со дисплеј со 2K резолуција.
Купувачите при составувањето на својата идеална конфигурација можат да изберат помеѓу Интеловите Core i5 и Core i7 процесори од седма генерација (Kaby Lake) и помеѓу 4 GB и 16 GB RAM (DDR4). Исто така, на купувачите на кои им е потребна подобра графика ќе можат да го опремат својот нов MateBook D со графичката картичка на Nvidiа, GeForce 940MX.
Huawei во понудата стави SSD дискови со капацитет од 128 GB и 256 GB и класични хард дискови со капацитет од 500 GB и 1 TB. Иако се работи за поевтин модел вградено е Power копче со читач за отисоци на прсти и Dolby Atmos Sound System. Од портовите, на располагање се два USB 3.0 порта, еден USB 2.0 и по еден HDMI и 3,5-милиметарски ауидо приклучок.
Тастатурата е класична, односно без заднинско осветлување, а батеријата (43,3 Whr) според наводите на производителот би требало да овозможи непрекината работа во траење до 8,5 часа. По доаѓањето во продавниците, во зависност од конфигурацијата ќе биде потребно да се издвои 799 до 999 евра.
ИЗВОР: Techradar
Поврзани артикли