Во извештајот се тврди дека компанијатра ќе ги напушти своите Premium Standard телефони и ќе се фокусира само на пазарот од висока класа
Новиот извештај ни донесува увид во плановите на Sony врзани за ударните модели на паметни телефони во 2017 година. Компанијата тешко ги продава своите водечки уреди покрај гигантите Apple и Samsunga, но не планира да го напушти пазарот на смартфони. Во извештајот исто така се тврди дека Sony ќе ги напушти своите Premium Standard телефони и ќе се фокусира само на пазарот од висока класа.
Се очекува компанијата да претстави два „flagship” телефона во текот на оваа година. Екипата од веб-страницата Xperia Blog вели дека Sony ги потврдил овие планови на конференцијата со инвеститорите во Токио. Компанијата им порача на присутните дека ќе објави два ударни модела во оваа фискална година која за нив почнува на 1. април.
Многу е веројатно дека Sony ќе претстави два телефона на IFA 2017 саемот во Берлин што се одржува во Септември. Sony и досега го користеше овој саем за да ги прикаже своите најдобри уреди. Бидејќи влегуваат во премиум сегментот, претстојните телефони ќе бидат иста категорија како Xperia XZ Premium и XZs.