Новиот смартфон на Huawei има 5-инчен дисплеј, а го покренува осмојадрениот процесор Qualcomm Snapdragon 430
Huawei Honor 6A е најнов член на пристапната линија Honor модели. Телефонот ќе се најде во продажба од 1 јуни (во Кина), а ќе биде достапен во четири бои, со цена од околу 100 евра.
Иако не може да се пофали со премиум дизајн или спецификации, Honor 6A и натаму е многу пристоен телефон за цената по која ќе се продава. Тука е и едноделното метално куќиште, сензорот за читање отисоци на задната страна, како и батерија од 3020mAh, која ветува до 12 часа гледање видео.
Huawei Honor 6A има 5-инчен (1280 x 720) HD дисплеј, го покренува осмојадрен процесор Qualcomm Snapdragon 430 (4 x 1.2 GHz Cortex A53 + 4 x 1.5 GHz Cortex A53) со графика Adreno 505. Телефонот е достапен во верзии со 2GB RAM и 16GB простор за складирање, односно 3GB RAM и 32GB интерна меморија со microSD поддршка.
На задната страна се наоѓа 3MP камера со LED блиц, додека од предната страна е сместена 5 мегапикселна камера. Оперативниот систем е Android 7.0 Nougat со EMUI 5.1 интерфејс. Тука е и хибридната Dual SIM (micro+nano / microSD) поддршка.
Поврзани артикли