Apple го предизвика Google на двобој, покренувајќи голема кампања во која директно ги повикува корисниците да се префрлат од Android на iPhone
Технолошкиот гигант од Купертино оваа кампања на својата веб страница провокативно ја нарече “премин од Android” (Switch from Android) и објави пет видеа на YouTube.
Apple во новата кампања ветува дека “животот е полесен со iPhone”. “За разлика од многуте други телефони, важните податоци на вашиот iPhone се под енкрипција и заштитени со лозинка”, тврди Apple.
https://www.youtube.com/watch?v=OmdC2eEeQAI
По масовната видео објава и посветениот вебсајт за тоа како да се создаваат подобри слики на iPhone, Apple сега сака да го сврти вниманието на корисниците на тоа колку е лесно да се префрлат од поинаков систем на iOS.
На страницата достапна преку следниот линк, Apple ја истакнува предноста на iPhone преку одговарање на неколку прашања како:
- Дали ќе биде лесно да се префрлам на iPhone?
- Дали камерата е добра како што кажуваат?
- Зошто iPhone е толку брз?
- Дали iPhone е лесен за користење ?
- Како iPhone ми помага во заштита на моите лични податоци?
Компанијата им нуди и до 250 долари на оние корисници кои својот стар Android ќе го заменат со смартфонот на Apple, но за пример, Samsung Galaxy S6 може да ви донесе само 150 долари.
https://www.youtube.com/watch?v=99w8cdTcliA
Повеќе од 81% од светските телефони го користат софтверот на Google, во споредба со 18% на Apple. Samsung беше најпопуларниот произведувач во текот на минатата година, и дури 20% од сите продадени телефони потекнуваат од оваа компанија, додека пак Аpple зазема 14% од таа листа.
https://www.youtube.com/watch?v=poxjtpArMGc