Google направи уште еден чекор со кој сака да освои милиони нови корисници, па така нивниот гласовен асистент ќе биде достапен и на iPhone.
Зад нас е првиот ден на конференцијата на Google наречена I/O на која компанијата очекувано претстави бројни новитети, што не се базираа на хардвер како телефони и таблети, туку на софтвер и вештачка интелигенција, односно гласовниот помошник „Assistant” кој во иднина ќе биде интегриран и поврзан со се повеќе уреди.
освен информациите врзани за Android, една од интересните новости е и Google Lens, технологија која преку камера препознава објекти и на корисниците им предлага одредени активности поврзани со овие објекти – на пример ако телефонот преку камерата ја вчита лозинката на WiFi рутерот, телефонот веднаш ќе се поврзе со тој рутер. Ако телефонот го свртите кон некој ресторан (мора да се види името на ресторанот), на екранот веднаш ќе се појават информации за тој ресторан, а ако телефонот го ставите пред цвет, ќе ви се појави предложено име на тој цвет и упатствата до најблиската цвеќарница. Треба да се напомене дека Lens (барем моментно) не е посебна апликација, туку технологија што Google ќе ја интегрира во бројните други апликации, почнувајќи од Google Photos.
Уште една новост поврзана со апликацијата за фотографии е тоа што во иднина Google ќе ги препознае личностите што се наоѓаат на фотографиите и веднаш ќе ви предложи делење на сликите со тие лица, а по пат на опцијата за делење на фајлови со „луѓе од доверба”, односно (брачните) партнери и деца ќе имаат пристап до сите снимени фотографии во реално време, односно корисниците ќе можат да одредат кои фотографии ќе им бидат видливи на другите лица – све, само на кои се наоѓаат одредени лица (на пример со брачниот партнет можете да делите фотографии на кои се вашите деца), слики снимени по одреден датум и слично.
Во се поголемата борба за освојување на пазарот на гласовни асистенти, Google направи уште еден чекор со кој сака да освои милиони нови корисници, па така нивниот „Asistant” ќе биде достапен и на iPhone. Исто така, со асистентот на Google ќе може да се комуницира и текстуално, не само гласовно, ќе има поддршка за куќните уреди како шпоретот, машината за садови, клима уредот и друго (бројот на достаони уреди со време ќе се зголемува), со него ќе можат да се репродуцираат песни, активираат видеозаписи на ТВ итн.
https://www.youtube.com/watch?v=dpnxTXILS4s
Што се однесува до виртуелната реалност, Google има добри вести за сопствениците на топ моделите на Samsung S8 и S8+, што во текот на летото би требало да добијат поддршка за нивната VR платформа Daydream. Исто така, Google самостојно, но и во соработка со HTC и Lenovo ќе претстави посебни уреди за виртуелна реалност, односно уреди во кои нема да се става телефон и нема да се поврзуваат со компјутерите, туку целиот потребен хардвер ќе биде во самиот уред. Моментно нема никакви дополнителни информации за овие уреди, освен дека ќе работат на VR платформата Daydream.