Корисничката база изнесува повеќе од 328 милиони активни корисници месечно во првиот квартал од годинава
Бројот на месечно активни корисници на социјалната мрежа Твитер порасна за 6 отсто со што се надминаа очекувањата на аналитичарите, јавуваат западните медиуми. Корисничката база на Твитер изнесува повеќе од 328 милиони активни корисници месечно во првиот квартал од годинава, додека во последниот квартал од минатата година таа бројка била околу 319 милиони.
Меѓутоа, приходите на Твитер паднаа за 7,8 отсто што е прв пад на приходите од иницијалната јавна понуда на акции во 2013 година. Во првиот квартал, заклучно со 31 март, нето добивката е намалена за 61,6 милиони долари или девет центи по акција, во однос на 12 центи по акција од истиот период минатата година.