Ако денот се познава по утрото, Samsung оваа година ќе ги трие рацете. Имено, неименуван извор од јужнокорејската компанија му објави на „The Investoru” дека Galaxy S8 и S8 Plus за помалку од еден месец се продадени во пет милиони примероци.
Бидејќи оваа бројка ги опфаќа двата модела, не можеме да знаеме колкав е уделот на секој од нив. Во Samsung моментно траат подготовките за лансирање на овие уреди во вкупно 120 земји, меѓу кои е и Кина, што значи дека продажбата во следните месеци веројатно ќе се зголеми.
Аналитичарите предвидуваат дека Galaxy S8 дуото до крајот на вториот квартал ќе биде продадено во 20 милиони примероци, односно во 50 до 60 милиони до крајот на годината. Само за споредба , Galaxy S7 i Galaxy S7 Edge до крајот на 2016 година ја досегнаа бројката од 52 милиони продадени примероци.
Поврзани артикли