Пролетните топ модели на Samsung веќе некое време се наоѓаат во продавниците, па дојде време се интензивирање на шпекулациите околу есенскиот ударен модел. Уште кон крајот на минатата година можеше да се слушне дека Samsung нема да се откаже од Note брендот и покрај дебаклот со Noтe 7, za информацијата подоцна да биде потврдена и од менаџментот.
Па така, кон крајот на август или почетокот на септември на берлинскиот саем IFA можеме да го очекуваме Galaxy Note 8, освен ако Samsung пак не почне да изведува егзибиции со името. Засега нема многу детали што би го опишале овој уред, но од неколку извори е потврдено дека екранот ќе има дијагонала од 6,3 инчи, значи ќе биде малку поолем од актуелниот Galaxy S8 Plus. Очигледно Samsung ќе продолжи со форматот 18:9, односно 2:1 размерот на страници.
Можеме да претпоставиме дека погонската група ќе ја сочинуваат Snapdragon 835 и Exynos 8895 во комбинација со 4 или евентуално 6 GB RAM. Покрај S-Pen пенкалцето, на што би требало да го разликува од S8 е камерата, што би требала да пристигне до двојно издание. За детали е уште рано, но затоа можеме да ги очекуваме во текот на летото, кога очекуваме и потврда на претходните гласини дека читачот на отисоци ќе се врати на предната страна, односно ќе биде вграден во екранот.
Поврзани артикли