Најинтересните најави се очекуваат за новата верзија на мобилниот оперативен систем Android O, а се чини дека Google нема да претстави нови модели на Pixel паметни телефони
За два дена почнува најголемата годишна конференција на Google – Google I/O на која во текот на три дена ќе можеме да ги дознаеме сите новитети на коишто работат инженерите на компанијата. Официјални информации за тоа што ќе претстави Google не се објавени, но досега имаше премногу гласини за да знаеме отприлика на што се работи, а сигурно ќе има и понекое изненадување.
Еве некои од работите кои може да се очекуваат на конференцијата.
Android O – за крајните корисници на услугите на Google најбитните информации ќе бидат врзани за новата верзија на оперативниот систем Android и ќе се дознаат сите новитети кои ќе ги донесе Android O.
Fuchsia – се надеваме дека ќе дознаеме и повеќе информации за новиот и мистериозен оперативен систем на Google кој се развива за модерни телефони и компјутери. Fuchsia има целосно нов кориснички интерфејс, а не е познато дали тој ќе биде алтернатива за Android.
Andromeda – на конференцијата ќе се дознае повеќе и за интеграцијата на Chrome OS и Android и стартувањето на апликација за Android на Chromebook.
Google Home – од Google веќе подготвуваат и нова верзија на Google Home, која може да ја претстават и неделава.
Google Assistant – гласовните асистенти се се попопуларни, а нивните можности се поголеми. Неделава ќе дознаеме кои унапредувања на својот асистент направил Google.
Daydream – дел од конференцијата ќе биде посветен на проширената и виртуелната реалност, па сигурно може да се очекуваат и новости врзани за платформата за дигитална реалнсот Daydream.
Allo и Duo – Google работи на веб верзија на апликацијата за текстуална комуникација Allo и можно е да ја претстави неделава на конференцијата.
Chromecast на Android TV – Секоја година на конференцијата има и новитети за Chromecast, а познато е дека се работи и на интеграција на асистентот за Android TV.
Од останатите занимливости за кои би можеле да зборуваат инженерите на Google се споменува Project Loon, со кој Google се обидува да овозможи пристап до Интернет за послабо развиените земји, Android Auto и платформата за проширена реалност Project Tango.
Поврзани артикли