MP3 аудио форматот што е синоним за дигитална музика уште од средината на 90-те е официјално убиен од своите креатори. Иако MP3 е премногу раширен вистински да исчезне во скоро време, програмата за лиценцирање на овој формат дефинитивно е мртва.
Институтот Fraunhofer за интегрирани мрежи, кој го финансираше развојот на MP3 во доцните 80-ти неодамна објави дека нивната програма за лиценцирање на одредени патенти и софтверот на компанијата Technicolor i Fraunhofer IIS е завршена.
Бернхард Грил, директорот на овој оддел на Fraunhofer и еден од директорите во развојот на MP3 изјави дека другиот аудио формат, AAC – или „Advanced Audio Coding”, што неговата органзација исто така помогне да се создаде, сега е де факто стандард за преземање на музика и видеозаписи на мобилните телефони. Институтот Fraunhofer им советува на сите да се префрлат на AAC, за кој велат дека „поефикасен од MP3 и нуди многу повеќе функционалности”.