Go Pro во последните месеци се најде во финансиски проблеми. Едноставно, пазарот стана заситен од конкуренти кои нудат одлични спортски камери, но со цени што се многу пониски од GoPro. Иако се уште се лидери на подрачјето на спортски камери, на сите им е јасно дека GoPro во иднина мора да го осовремени својот бизнис и да го оплоди со некои нови производи што повторно ќе ги вивнат во височините.
GoPro Fusion е прва акциска камера која може да снима видео записи во 360 степени и тоа во резолуција од дури 5.3K. Оваа камера настана како продолжение на претходните обиди на GoPro компанијата во подрачјето на камерите од 360 степени.
Имено, GoPro веќе пласираше на пазарот два вида камери за снимање на 360 аголни видеа (Odyssey и Omni), но тие поради своите астрономски цели, за жал останаа во втор план. GoPro Fusion би требало да биде камера што ценовно ќе биде достапна за широка маса на луѓе, а истовремео ќе нуди и фантастични можности.
Според најавите, основниот цел на оваа камера е да снима видео записи што ќе можат да се користат во виртуелната реалност. Бидејќи виртуелната реалност често ја карактеризираме како нешто што ќе стане тренд во иднината, несомнено е дека GoPro Fusion ќе заинтересира огромен број корисници.