Некои верзии на Android оперативниот систем полека заминуваат во минатото, додека некои полека, но сигурно тргнуваат во доминација на пазарот на паметни уреди. Моментно на најголеми број смартфони се наоѓа верзијата Android Lollipop, што изразено во проценти иснесува 32 отсто. Веднаш зад Lollipop се наоѓа Marshmallow 6.0 со уддел од 31,2 проценти и може да се очекува дека веќе следниот месец токму оваа верзија на Android ќе го заземе првото место на оваа листа на топ најискористени оперативни системи.
Бројките кај најновиот Nougat забележуваат стабилен раст, па така неговиот пазарен удел од минатиот месец со 4,9 отсто се подигна за 7,1 отсто, што значи дека Android 7.0 сега се наоѓа на 12 проценти од паметните уреди. За ваквото зголемување на уделот на пазарот на смартфони секако придонесува се поголемиот број Samsung Galaxy S8 модели, што се активираат во голем број на дневна база.