Поголемите количини работна меморија обично се резервирани за топ моделите на мобилните уреди. Но, samsung наскоро ќе претстави и еден поевтин уред со 4 GB RAM – Galaxy J7 Max.
Според податоците достапни на Интернет, овој модел освен поголемата количина работна меморија ќе добие и поголем екран во однос на досегашните Galaxy J7 модели. Екранот ќе има дијагонала од 5,7-инчи и FHD резолуција од 1.920х1080 пиксели. Покрај тоа, се споменува дека уредот ќе има осмојадрен MediaTek процесор (Helio P20) со брзина од 1,6 GHz и 32 GB интерна меморија. Просторот за складирање ќе биде можно накнадно да се прошири со помош на microSD картичка.
Од предната и задната страна на уредот ќе се наоѓа по една камера со резолуција од 13 мегапиксели. И двете камери ќе имаат сопствен блиц. Изворот наведува дека енергијата потребна за работа ќе ја обезбедува батеријата од 3.300 mAh.
Очекуваната цена за Galaxy J7 Max е околу 310 долари, а но за тоа ќе знаеме нешто повеќе по официјалното претставување во средината на јуни 2017.