Имаме чувство дека светот на 3D печатење во последно време се повеќе зема замав на сите подрачја во изработка на објектите и изградбата. Поради тоа ќе пронајдете 3D принтери кои можат да изработуваат фигури од пластика, делови од автомобили, авиони и ракети, оружје, па дури и цели куќи на Земјата.
Научниците од Универзитетот MIT го претставија првиот градежен мобилен 3D принтер, кој е во состојба да ја испечати целата основна структура на зградата во „еден потег”. Принтерот делува како шлепер што влече мешалка, а на себе има голема рака од индустриски робот и млазница за истиснување бетон, која може да се користи и за други работи како исполнување на ѕидовите со изолациски материјал.
Покрај тоа, роботската рака може да се состави во разни конфигурации, па можете да ја користите како багер, дигалка, роботски апарат за варење, или за сецкање на големи коцки мраз од кои можете да изработите, на пример игла или зграда од мраз.
За да докажат дека уредот навистина функционира, научниците користеа прототип за изработка на основната бетонска структура на куполата со дијаметар од 15 метри и височина од 3,7 метри, за што на овој необичен принтер му беа потребни 14 часа, како што можете да видите во ова необично видео.
Машината ја изгради зградата тала што комбинираше полиуретантска пена која служеше како калап, што се полнеше со бетон слој по слој, се додека на крајот не изникна голема бетонска структура која можеби дизајнерски не делува совршено, бидејќи на научниците им служи само како доказ за концептот, но во потполност ги задоволува стандардите на цврстината и стабилноста.