YouTube најави дека наскоро ќе почне голем редизајн на целиот свој веб интерфејс. Се работи за визуелно поедноставување на корисничкиот интерфејс, кој би требало да има помалку визуелни елементи и повеќе празен простор, што ќе придонесе за подобро корисничко искуство и ќе го усогласи YouTube со одредниците на “material” дизајнот кој Google полека го имплементира во сите свои производи.
Трите главни карактеристики според кои се водеа дизајнерите се едноставност, конзистентност и убавина. Новиот изглед на најпопуларниот видео сервис на светот ќе ја издигне содржината во прв план, така што сите други елементи ќе и бидат подредени токму на неа. Истиот интерфејс ќе биде ускалдено и со оние на мобилните апликации. Дополнително, новиот интерфејс би требало да биде и побрз, а ќе овозможува и начин на работа за „ноќните птици”: популарниот Dark mode со црна позадина.
Новиот изглед се уште не e финализиран во потполност, но сите веќе можат да го испробаат ако одат на следната страница – и потоа да дадат свое мислење за новиот дизајн.
Поврзани артикли