Аналитичката компанија IDC ги објави резултатите од своето истражување за пазарот на таблет уредите во текот на првиот квартал на оваа година. Забележан е пад на испораките од 8,5 проценти на годишно ниво; испорачани се 36,2 милиони таблети, во однос на 39,6 милиони примероци пред една година.
Падот на испораките е видлив и во фактот што поголемиот дел од водечките производители во текот на првиот квартал продале помалку уреди, со исклучок на Huawei кој забележа раст на испораките од 31,7 проценти на годишно ниво.
Водечки производител и натаму е Apple со продадени 8,9 милиони iPad-и, додека на второто место се наоѓа Samsung со испорачани 6 милиони таблети. Споменатиот Huawei се наоѓа на третата позиција со продадени 2,7 милиони уреди, по што следуваат Amazon и Lenovo.
Во IDC сметаат дека класичните таблет уреди и натаму ќе бележат пат во продажбата, додека се очекува пораст на таблетите што доаѓаат во пакет со посебните тастатури.
Поврзани артикли