Група научници од Универзитетот во Токио развиja ултраеластичен LED дисплеј кој може да се залепи на човечката кожа. Екранот кој беше презентиран и пред тв-камерите на јапонската телевизија, се состои од микродиоди е дебелина од 1 mm и наликува на фластер со големина од 6 на 10 сантиметри.

Според групата научници, екранот не предизвикува непријатност кај личноста на која се наоѓа дури и ако е прицврстен на мобилниот дел од телото, на пример, на задниот дел на дланката. На овој екран можете да читате текстуални пораки и да гледате видеа.
Според шефот на истражувачката група, професорот Такао Сомеј, масовното воведување на ваквите екрани ќе помогне да се подобри квалитетот на секојдневниот живот на луѓето од сите возрасти, бидејќи тоа во голема мера ќе го поедностави пристапот до информации.