Alibaba ќе отвори регионален логистички центар во Бугарија?

Кинескиот гигант за е-трговија Alibaba е во преговори со Тракиската економска зона за отворање регионален центар, соопштиле од раководството на зоната, а веста ја објави бугарскиот портал Plovdiv24. 

Пред околу една година, при посетата на заменик претседателот на Alibaba Group во Бугарија, биле разгледани можностите Бугарија да биде локацијата за нов регионален логистички центар кој ќе ги опслужува нарачките низ Европа. Се разговарало и за продавање на бугарски производи на меѓународни пазари. Интересот на групацијата е локацијата на центарот да биде во околината на Пловдив.

„Инвестициите од бугарски компании во Тракиската економска зона очекуваме да достигнат околу 15 милиони евра во текот на годината, додека пак од странски компании очекуваме околу 50 милиони евра инвестиции.“, изјавил менаџерот за бизнис развој на Тракиската економска зона, Емил Јанков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + eight =