Хиперспортскиот модел Chiron на Bugatti има висока цена на пазарот на половните возила, со оглед на тоа што како нов се продавал за 2,4 милиони, а еден примерок од 2017 година неодамна е продаден на аукција во Париз за 3,3 милиони евра.

Bugatti кон половината на декември соопштил дека во 2017 година ги испорачал првите 70 од 500 модели, колку што е има и намера да ги произведе.

Станува збор за автомобил од првата серија на 20 изработени возила, а на првиот сопственик му бил испорачан во април 2017 година.

Во декември било проценето дека овој Chiron ќе достигне цена помеѓу 3,2 до 3,6 милиони евра на аукција, што беше потврдено и кон почетокот на февруари кога автомобилот го променил својот сопственик за 3 милиони и 323 илјади евра. Со оглед на тоа што цената на новото возило е околу 2,4 милиони евра, продавачот за неполни 12 месеци, колку и што го поседувал Bugatti Chiron, заработил речиси милион долари.

Автомобилот има двобојна каросерија – основната нијанса е светлосина, додека задниот дел има темносина боја. Оваа комбинација од бои е заштитен знак на Bugatti. Во внатрешниот дел преовладуваат беж и кафеавата боја.

Како и секој Chiron, така и овој е придвижуван со 8.0-литарски W16 со четири турбо полначи, кој произведува 1500 коњски сили и развива 1600 Nm максимален вртежен момент.

Bugatti Chiron од 0 до 100 км/ч. стигнува за 2,5 секунди, додека за 200 км/ч. му се потребни 6,5 секунди.

Извор: Autoblog.rs